И после 17 години во СДС ништо не се променило, единствено важни им се бизнис зделките и милионите, Ковачевски ги продолжува криминалиите на тогашната коалиција СДС-ДУИ, концесијата за рудник во Иловица е од нивно време, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Најголема опозициска партија тврди дека Владата на СДС и ДУИ уште во 2006година го потпишала договорот за концесија за отварање на рудник и ископ на минерални суровини во локалитетот Иловица.
-Истиот договор е потпишан од Фатмир Бесими со претходна одлука на Владата на СДС и ДУИ за давање на Концесија од 25 април 2006 година, кој тогаш бил министер за економија. Сега после цели 17 години, Димитар Ковачевски ги продолжува криминалиите на тогашната коалиција СДС-ДУИ. Спојувањето на концесијата за ископ на бакар и злато во Иловица е спротивно на волјата на граѓаните ид струмичко. Но, Ковачевски ги исполнува барањата на неговиот шеф Али Ахмети и ДУИ, бидејќи лицето кое е блиско до ДУИ, Назиф Дестани сака да профитира милионски суми на пари, се наведува во соопштението.
Се додава дека врв на лицимерието е што и министрите на Ковачевски велат дека министреот за економија од ДУИ, Крешник Бектеши ги излажал и затоа гласале на владина седница одлука за спојување на концесиите за отварање на рудник за ископ на бакар и злато во Иловица.
-Доколку беа излажани до сега истите требаше во најмала рака да си поднесат оставка и да бараат оставка и одговорност од Бектеши. Бизнис интересите на ДУИ поддржани од СДС и Ковачевски стигнаа и до источниот регион. Во СДС ништо не се променило, и тогаш и сега единствено важни им се бизнис зделките и милионите. Ковачевски работи на штета на здравјето на граѓаните и против нивните интереси. СДС и ДУИ набрзо ќе заминат во длабока опозиција, а Ковачевски и Ахмети ќе одговараат, се потенцира во соопштението.