Едно лице го загуби животот, други тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Неготино – Демир Капија. Aвтомобил со германска регистрација излетал од патот.
Од Брза помош при Здравствен дом Неготино потврдија за МИА дека едно лице загинало, едно повредено лице било пренесено во болница во Велес, а други две во кавадаречката болница каде биле подложени на испитувања.
Портпаролот во СВР Велес, Ристо Самарџиев, ги потврди информациите за сообраќајката и најави повеќе детали во текот на денот