Двајца Грци се обиделе да прошверцуваат трет Грк на „Богородица“, го сокриле во багажник

Двајца Грци се обиделе да прошверцуваат трет Грк кој бил без документи. Лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитен центар за странци.

Вчера вечер во 21.30 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода 19-годишниот И.Д. и 21-годишниот Н.А., двајцата од Република Грција. При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничко моторно возило „дачиа дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице-грчки државјанин без документи. И.Д. и Н.А. биле задржани во полициска станица, а лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитен центар за странци, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестУставните судии не донесоа одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен
Следна вестВо турскиот град Малатја погоден од големиот земјотрес се гради ново училиште кое ќе го носи името „Северна Македонија“