168 санкционирани возачи во Скопје, 48 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за управување под дејство на алкохол.

-Изречени се осум мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информира полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Како компанијата на Дестани која нема искуство во копањето на злато ќе гарантира дека нема да се контаминира почвата?
Следна вестПроектантот на мостот „Беласица“: Не може со дрон да се заклучи дека каблите не се сериозно оштетени