Шприцови и дрога откриени кај двајца дебарчани

Шприцови и дрога се откриени во возило на две лица од Дебар, кои престојувале во автокамп на брегот на Охридското Езеро. Против нив ќе биде поднесена пријава.

-На 23.07.2023 во 17.10 часот во автокамп на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода А.Д.(33) и К.С.(26), двајцата од Дебар, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со остатоци од црна течна материја и метален грендер со остатоци од марихуана, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Претходна вестИскршен автомобилот на Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ
Следна вестВо Прилеп одбележани 66 години од смртта на Методија Андонов – Ченто