Тешко повреден возач на тротинет

Косовец со товарно возило удри во тротинет. Несреќата се случила во скопската населба Чаир, а возачот на тротинетот завршил со тешки телесни повреди.

– На 23.07.2023 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од Косово, со живеалиште во Скопје, удрило во тротинет, управуван од Џ.А.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинет, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестВо Битола започнаа „Илинденски денови“, фестивал посветен на светскиот фолклор и на културно-научната размена
Следна вестЗемјоделците од Овчеполскиот регион бараат итно да се пушти вода за наводнување