Криумчар на мигранти приведен на ГП „Богородица“ откако се обидел да помине со фалц-документи

Вчераутро во близина на граничниот премин Богородица од полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ бил лишен од слобода 30 годишен државјанин на Србија затоа што се идентификувал со лажни лични документи.

-При извршена контрола на патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со српски национални ознаки кое го управувал констатирано било дека српската лична карта, швајцарската возачка дозвола и швајцарската дозвола за престој кои биле на име Л.Н.(31), а кои ги дал на увид, биле фалсификувани. Исто така, утврдено е дека постојат основи на сомнение дека тој бил соучесник и во сторено кривично дело криумчарење мигранти на 12 октомври 2022 и по насоки на ОЈО -ГОКК Скопје поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија одредена му е мерка притвор, информираа од МВР.

Претходна вестПриведен малолетник, кај него пронајдена прашкаста материја
Следна вестКучиња-скитници искасаа три лица во Ѓорче Петров и во Гази Баба