Откако сексуално вознемирувал колешки македонски амбасадор Цеков отповикан од Токио

Незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата се причина за повлекување на македонскиот амбасадор Горан Цеков од нашата амбасада во Токио, Јапонија. Претходно, против Цеков беа поднесени две пријави за сексуално вознемирување. Веста денеска ја објави порталот експрес.мк повикувајќи се на извори во МНР, а подоцна ја објавија и други медиуми повикувајќи се на извори во Владата. Отповикувањето го потврдија и од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски.

ОД МНР соопштија дека тоа го препорачала и Комисијата во рамките на МНР.

-Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи му препорача на ресорниот министер да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот („Сл. Весник на РМ бр. 90/09)“, информираа денеска од Министерството за надворешни работи.

Владата го прифатила предлогот на министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпишал указот за отповикување.

На Цеков МНР му даде рок од 5 дена да отпатува од Токио за да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје. Скандалот се случи откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Пред еден месец пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување.

-Повеќе од 10 месеци во Амбасадата се стигнати две сериозни претставки од две жени. Едната од вработена во амбасадата во Токиоа, а другата од јапонска државјанка која имал аповремени проекти со македонската амбасада во Токио. Двете поплаки се однесуваат на понижувачко, непристојно и непрофесионално однесување од страна на амбасадорот кон македонската државјанка, додека од јапонската државјанка, за жал, обвинувањата одат во насока за сексуално вознемирување, рече тогаш Милошоски.

Тој додаде дека подносителките очекуваат ова да се разгледа на соодветен начин и со голема сериозност.

-Нашиот апел би сакал да биде да се разгледа серизоно секоја од овие претставки, да не се одолговлекува, да се оценува внимателно и строго, но најдобро би било, ако може да се отповика амбасадорот, потенцира овој пратеник.

Амбасадорот Цеков од 1996 е кариерен дипломат во Министерството за надоворешни работи (МНР). Бил на служба во Мисијата при НАТО во Брисел од 2003 до 2007, од 2010 до 2014 во Амбасадата во Осло, Норвешка, а во 2019 беше в.д. шеф на Мисијата во НАТО во Брисел.

Претходна вестГенералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Сајкоски на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија
Следна вестОдбележани 100 години од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме: Во секој напад беше меѓу првите, секогаш присутен таму каде што е најтешко