Крадец од Скопје се заканувал дека ќе се самоповреди со штрафцигер, па нападнал полицаец

Кривична пријава ќе биде против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром, соопшти МВР.

Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците.

-При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник, се наведува во информацијата.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

Претходна вестОдбележани 100 години од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме: Во секој напад беше меѓу првите, секогаш присутен таму каде што е најтешко
Следна вестСончево со малку облаци