Home АКТУЕЛНО Тешка сообраќајка во дебарско: Десет лица повредени во сударот на три возила

Тешка сообраќајка во дебарско: Десет лица повредени во сударот на три возила

0
Тешка сообраќајка во дебарско: Десет лица повредени во сударот на три возила

Вкупно десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во дебарско, соопшти полицијата. До сообраќајка дошло во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово.
Од дебарската болница изјавија дека сите повредени лица се вон животна опасност.
-Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции“ изјави Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.
Едно возило е со битолски, едно со скопски и едно со словенечки регистарски ознаки.