Земјотрес во Албанија ja стресе и југозападна Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.

-Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.

Претходна вестВандализирана бистата на Горан Стојменовиќ, припадник на МВР кој загина во Диво Насеље
Следна вестУжасот на војната: Речиси 50.000 Украинци изгубија еден или повеќе екстремитети поради војната