Слупчанци и ЕВН со позитивна енергија по првата средба за неплатените сметки

Во позитивна атмосфера кој ќе придонесе целосно да се реши проблемот со електричната енергија во ова село поминал вчерашниот состанокот меѓу жителите на Слупчане и претставниците на ЕВН. И од компанијата и претставниците на жителите оценија дека ова ќе помогне да се реши настанатат ситуација.

– Денес претставници на ЕВН се сретнаа со претставници на селото Слупчане. Разговорите се одвиваа во позитивна насока. Преостанува да се реализира уште еден состанок во текот на утрешниот ден, соопштија вчера од ЕВН.

Зекирија Шаини, советник во општина Липково, изјави дека состанокот поминал во позитивна атмосфера и дека останува да се договорат техничките детали.

-Состанокот помина во позитивна атмосфера, договорот треба да се уреди технички, рече Шаини.

По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули годинава.Жителите имаат повеќе барања, меѓу нив и барање да не плаќаат високи сметки за струја. Според последните информации, ЕВН треба да почне да ја реконструира мрежата на 9 август годинава.

Претходна вестСо пожарот кај Богданци се борат шеесетина лица, се уште не е ставен под контрола
Следна вестНа автопатот Скопје – Велес одронети камења им се закануваат на возачите