Пријави од граѓани за одронети и опасни камења паднати од десната страна на автопатот до белата линија и заштитната мрежа за одрони на делницата на Скопје – Велес пристигнаа во Центарот за управување со кризи (ЦУК)
-Повеќе граѓани укажаа на Единствениот телефонски број 112 во ЦУК дека на автопатот Скопје – Велес има одронети крупни и ситни камења, што ако се насоберат повеќе при одредени метеоролошки состоби може да довтасаат – за се доистркалаат од под заштитната мрежа и преку белата гранична линија на патот. Во тој случај тие би претставувале потенцијална опасност за возилата, односно за возачите и патниците коишто ја користат оваа делница во нашата земја, соопшти ЦУК.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов заедно со Костадин Ацевски, директор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (ЈП ОЗМРП) веднаш излегоа на терен за да ја увидат состојбата. Тие рекоа дека континуирано се работи и се чисти од паднати камења што се истркалани под заштитната мрежа и се покрај автопатот, особено по поројни дождови и во периодите кога има голема разлика на екстремните температури во текот на деноноќие, односно периоди од годишно време.
-Нашите служби континуирано се на терен, и на дневно ниво ги поминуваат овие делници. Земајќи предвид дека работиме со ограничени човечки ресурси постојано работиме на чистење на патиштата во соработка со надлежните институции. Тој посочи дека автопатот Скопје – Велес е специфична делница што речиси секогаш има одрони заради конфигурацијата на теренот, местоположбата и метео приликите. Екипите на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со градежни машини работат на отстранување на покрупните камења со цел растоварување на заштитните мрежи на карпестите пресечени ридови и ритчиња од левата страна на автопатот, изјави Ацевски.