Словенија побара помош, Македонија подготвена да испрати 100 армиски припадници

До Центарот за управување со кризи на Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија. Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници.

Тие по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност.

До Дирекцијата за Заштита и спасување, како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ пристигна барање за помош на Словенија со тешка механизација (булдожери, багери и сл.).

Претходна вестЗдравствените работници најавуваат „жешка есен“ ако до септември не им се решат барањата
Следна вестМЗ: Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска