ФИБА објави како ќе изгледаат шеширите во пресрет на утрешната ждрепката за квалификациите за ЕП 2025, која ќе се одржи во Кипар, Финска, Летонија и Полска.
Репрезентацијата на Македонија е во претпоследниот шешир. Во седмиот шешир заедно со Македонија се Велика Британија, Исланд, Шведска.
Ждрепката ќе биде делумно диригирана, па репрезентациите од првиот шешир ќе бидат во групите А, Ц, Е или Г, со екипите од четвртиот, петтиот и осмиот шешир.
Репрезентациите од вториот шешир ќе одат во групите Б, Д, Ф или Х со репрезентациите од третиот, шестиот и седмиот шешир.
Прв шешир: Шпанија, Франција, Србија, Словенија
Втор шешир: Литванија, Грција, Италија, Германија
Трет шешир: Чешка, Полска, Турција, Црна Гора
Четврти шешир: Финска, Хрватска, Украина, Летонија
Петти шешир: Белгија, Грузија, Израел, БиХ
Шести шешир: Унгарија, Естонија, Холандија, Бугарија
Седми шешир: Велика Британија, Исланд, Шведска, Македонија
Осми шешир: Португалија, Данска, Словачка, Кипар
На завршниот турнир одат трите првопласирани селекции од групите, освен од оние групи во кои ќе бидат домаќините на Европското првенство, кои автоматски поминуваат, а со нив одат и двете најдобропласирани селекции од нивната група.
Квалификациите ќе се одржат во три прозорци: од 19 до 27 февруари 2024 година, од 18 до 26 ноември 2024 година и од 17 до 25 февруари 2025 година.