Работнички го победи Шкупи со 2:1 (1:0) во дерби натпреварот одигран во рамките на 1.коло, во Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ го победија Шкупи по две и пол години, период во кој доживеака седум порази.
Фудбалерите на Работнички го отворија резултатот од првата сериозна акција.Брза акција на Работнички, Влатко Стојановски нафрли од десната страна, а Мазари со удар со глава ја затресе мрежата на Шкупи.
Во 23.минута, Кристијан Трапановски имаше убава шанса за израмнување, но Игор Алексовски го одбрани ударот и исфрли во корнер.
Шкупи израмни во 62.минута. По корнерот од десната страна топката беше префрлена на вториот дирек, а таму Дарко Илиески погоди со удар со глава од непосредна близина.
20 минути подоцна „романтичарите“ ја вратија предноста. Работнички доби пенал во 81.минута, откако беше фаулиран Георг Стојановски. Успешен реализатор беше Мевљан Мурати.
Резултати, 1. коло:
Работнички-Шкупи
АП Брера-Вардар 1:0
Воска-Шкендија 0:1
Струга ТЛ – Гостивар 1:0
Тиквеш-Македонија ЃП 1:0
Брегалница-Силекс 2:1