На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Преку соопштение од МВР известија дека поднеле пријава против градоначалникот на Кочани, но ни буква, ниту збор, а не пак истрага за Рамиз Мерко
Следна вестНа територија на град Скопје казнети 148 возачи