Има луѓе кои се подготвени се да направат за да соборат некој си необичен рекорд. Таков човек е и Сермет Мактуф од Босна. Тој во ресторан Нови Пазар изел 153 ќебапи и докажал дека претходниот рекорд од 53 изедени ќебапи е ситница.
Рекордерот својот подвиг преку видео го ставил на Тик Ток. На него се гледа како Сермет прашува во ресторанот колку е рекордот на изедени ќебапи и потоа на таа бројка додава уште 100.
-Ако рекордот е 53 ќебапи, ќе ми направиш 153, ќе седнам да видат сите дека ќе ги изедам. Но ако ги изеадам ништо не плаќам. Дали е договорено?, го прашува Сермед сопственикот на кафеаната.
Му ставаат на асталот 153 ќебапи, кајмак, огромна лепчиња и една пиперка.
За кратко време останала само пиперката…