Страшни-разорни пожари зафатија дел од рајските Хаваи. Локалните власти соопштуваат дека има дури 36 лица изгореле во големите пламени јазици.
Пожарот уништи стотици објекти на Мауи, вклучувајќи домови и деловни објекти, а илјадници луѓе се евакуирани. Заменик-гувернерката на Хаваи Силвија Лак претходно изјави дека „патот до закрепнувањето ќе биде долг“.
Историскиот град Лахаина е уништен до темел. Разорниот пожар, носен од ветрот, бил незапирлив и покрај напорите на пожарникарите и граѓаните да ги спасат куќите и фармите.