Јаневска: Директорот на ДПИ, Ферати е противправно поставен на функцијата, институциите да постапат

Директорот на Државниот просветен инспекторат, Ферати е противправно поставен на функцијата, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Таа побара институциите да постапат за овој случај.

– Владата на ДУИ и СДСМ продолжува да практикува лицемерие и неправда и самоволие во државата. Ја информирам јавноста, но и МВР, а и Владата доколку не знае, а треба да знае затоа што тие ја донеле одлуката, дека на местото директор на Државниот просветен инспекторат е поставена личност која по закон не ги исполнува условите. Директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фаратов дипломирал на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово на студиска програма Труд и социјална политка и магистрирал на тема „Државниот инспекторат за администрација на Република Македонија“. Од насловот на темата не може да се заклучи за истражувањето, но тоа е работа на менторот и рецензенската комисија.

Во својата биографија Директорот на Државниот просветен инспекторат додал дека има работно искуство:

-Од 2012-2021 година во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор;
-Од 2021- 2023 во Служба за општи и заеднички работи на Владата;
И 2023 година тој е именуван за Директор на Државниот просветен инспекторат.

Почитувани, членот 5 став 2 од Законот за просветна инспекција вели: За директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое има високо образование, што има, и најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието. Потенцирам 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Директорот Халит Ферати нема 5 години педагошко работно искуство во образование и воспитание. Директорот на Државен просветен инспекторат кој треба да ги надгледува и корегира процесите во образованието противправно е именуван за директор на важна државна институција.

Веројатно баш затоа во моментот создава хаос и води хајка против некои од најдобрите инспектори во инспекторатот.

Поради се ова што го кажав го повикувм МВР, а и Јавниот обвинител да постапи по закон и да поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност по членот 353 од Кривичниот законик на цела Влада (член 5 став 1 од истиот закон), затоа што таа цела Влада на Република Македонија го именува директорот кој не исполнува услови за да ја врши таа функција, истакна Јаневска.

Според неа Владата останува глува на примедбите и препораките на нашите стратешки пријатели, а состојбата се менува на полошо.

Претходна вестПолска испраќа 10.000 војници на границата со Белорусија
Следна вестВо Унгарија запленети наркотици во вредност од 1,2 милијарди евра