Во Унгарија запленети наркотици во вредност од 1,2 милијарди евра

Унгарското национално истражно биро (ННИ) во заедничка операција со Даночните и царинските служби (НАВ), заплени дрога вредна 480 милијарди форинти, односно 1,2 милијарди евра, објави денеска унгарската полиција на својата веб-страница. Полицијата заплени 13 тони супстанца за изработка на дрогата МДМА, т.е. екстази, во април во областа Џер-Мошон-Сопрон по дојава од НАВ и уште 19 тони слична супстанца во два магацини во Будимпешта неколку дена подоцна, според ННИ.

Полицијата пронајдената дрога ја поврза со меѓународна криминална организација и работи на откривање на нејзините членови во продолжение на истрагата.

Претходна вестЈаневска: Директорот на ДПИ, Ферати е противправно поставен на функцијата, институциите да постапат
Следна вестБугаринот кој беше избоден во Чаир: „Не провоциравме, бевме на погрешно место, во погрешно време“