ЗОО Скопје: Коњите во Зоолошка биле отруени со брзоделувачки отров, се проверуваат снимките од камерите

Според обдукциските наоди ретките видови коњи во Зоолошка градина во Скопје се отруени.  Управата на Зоолошката градина во Скопје објави официјално известување од наодот.

-Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров. Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот, информираат од Зоолошка.

Коњите кои угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија. Тие во скопската Зоолошка градина биле донесени од Национален парк од Австрија, а до неодамна важеле за изумрен вид во дивината и нивната вредност е голема.

Смртта на животните во полицијата ја пријавил вработен во ЗОО Скопје, кој се сомневал дека биле отруени.

Претходна вестБугаринот кој беше избоден во Чаир: „Не провоциравме, бевме на погрешно место, во погрешно време“
Следна вестПриведени двајца крадци во Неготино, го признале делото