Казнети 261 возач во Скопје

На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола. Десет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, велат од МВР.

– Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за возење под дејство на алкохол“, соопштуваат од МВР.

Од МВР соопштуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестВремето денес сончево со мала до умерена облачност
Следна вестБугарски државјанин поминал на црвено, па се обидел да поткупи полицајци