21-годишник од Крива Паланка загина во тешката сообраќајка што се случи во 1 часот и 28 минути по полноќ, на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, извести МВР. Повредени се и тројца негови сопатници кои се исто на 21-годишна возраст.
– Во 01.28 часот по полноќ во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, 21-годишниот И.М. од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците 21-годишниот Ј.С., 22-годишниот Х.С. и 21-годишниот М.С., сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово, информираат од МВР.
Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.