Пензионер од Неготино којшто се упатил кон денешниот протест за повисоки пензии бил смртно прегазен од возач од Романија. Несреќата, според информациите од МВР, се случила утрово на автопатот Велес-Скопје, кај зимскиот пункт Македонија.
– Патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) од Неготино. Од здобиените повреди пешакот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.
На протестот на пензионерите за повисоки пензии му беше оддадена почит со едноминутно молчење.