Апарати за плаќање на сметките за вода веќе има на пет локации во Скопје. Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација велат во соопштение од претпријатието.
– Имено покрај големиот број на дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку (e.vodovod-skopje.com.mk), ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите). Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“од сите банки без провизија, се вели во известувањето од „Водовод и канализација“.
Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.