Научниците предлагаат: Една соларна цнтрала да произведува електрична енергија за целиот свет

Австралиските научници предложија идеална локација за пловечка соларна централа, која поради комбинација на услови би можела да има потенцијал да произведува електрична енергија за целиот свет. Според научниците, ако огромна крајбрежна фарма на фотоволтаични панели биде поставена во близина на екваторот, недалеку од брегот на Индонезија, таа би можела да произведе доволно електрична енергија за напојување на густо населените области на Југоисточна Азија и на западниот дел на африканскиот континент, а можеби и остатокот од светот.

Истражувањето покажало дека доколку на споменатата локација се постават доволно големи панели, ќе можат да ги „преживеат“ условите на океанот и екваторијалната клима, па ќе можат да ги напојуваат блиските земји и континенти и уште пошироко подрачје.

Научниците велат дека овој регион е идеален, бидејќи таму сончевата светлина е многу висока, тропските бури се многу ретки, морските бранови не надминуваат висина од 6 метри, а ветровите брзина од 15 метри во секунда.

Доколку, теоретски, на сите такви локации се постават пловечки соларни централи и ја покријат целата нивна површина, би можело да се произведе 5 пати повеќе енергија отколку што му треба на човештвото на 10 милијарди луѓе.

Освен Индонезија, предложени се уште неколку потенцијално висококвалитетни локации, лоцирани помеѓу 5° и 12° географска широчина околу екваторот, па така како поволен се издвојува Гвинејскиот Залив на западот на Африка.

Научниците признаваат дека сигурно би било тешко ова да се спроведе во практика. За да се задоволат потребите од електрична енергија на населба со милион жители, потребни се околу 70 квадратни километри соларни панели. Затоа, за околу 10 милијарди луѓе и 220.000 TWh годишно, соларната централа треба да биде распространета на дури 0,7 милиони квадратни километри, што е прилично сериозен инженерски предизвик.

Студија треба да послужи само како основа за понатамошен развој на пловечки фотоволтаични електрани, за кои веруваат дека ќе бидат значаен дел од енергетскиот микс во светот до средината на овој век.

Претходна вестГраѓаните бараат: Немаме пари, Парламентот да има 80 пратеници, а Владата 10 министерства
Следна вестДемократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300