Приведен дилер во Охрид

Вчера вечерта во 22.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.П.(23) од охридското село Куратица.

При претрес извршен со судска наредба во куќа во Охрид каде престојувал, полициските службеници пронашле и одзеле бела грутчеста материја, најлонски опаковки со траги од бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВо Гостивар се судриле мопед и полициско возило
Следна вестНа плажа во Албанија спасени од давење три македонски државјанки- две се во потешка состојба