Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. УВ=6.

Температурата изутрина се движеше од 17 до 21,а дневната ќе биде од 22 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Утринската температура изнесуваше 20 степени, додека преку ден ќе се искачи до 31 степен.

Претходна вестНесторовски утре потпишува за Асколи
Следна вестАрсовска прифати да ја предаде Универзалната сала на Владата да ја заврши реконструкцијата