Крадци ги обиле канцелариите на добротоворна организација „Донирај комјутер“ од Кавадарци и украле лаптопи и комјутерска опрема. Случајот е пријавен во полициската станица во Кавадарци, а Борче Стаменов, првиот човек на „Донирај комјутер“ се надева дека крадците ќе бидат фатени, а опремата ќе биде дадена на оние на кои навистина им треба.
-Се случи и тоа тоа. Утрово во 3.59 некој ги обил канцелариите на „Донирај компјутер“ во Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120 гигабајти. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота“, напиша на својот фејсбук профил Борче Стаменов од „Донирај комјутер“
Стаменов и „Донирај Компјутер“ деновиве прославија донирање на 2.512 подарени компјутери на социјално загрозени семејства и училишта. Стаменов е иницијатор на идејата за секое дете да има компјутер, кој стари компјутери поправа и потоа ги подарува на оние на кои им се најпотребни.
-Утре кога ќе се разбудам, „Донирај Компјутер“ веќе ќе биде запишана во историјата како прва и единствена иницијатива во Македонија и пошироко која успеала да донесе, поправи, среди, спакува и испрати над 2512 компјутери на социјално загрозени семејства и училишта низ цела држава, објави неодамна Стаменов.