Во сообраќајка кај село Долнени загина 18-годишна девојка од Прилеп

Млада прилепчанка загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп.

МВР соопшти дека до удесот дошло кога на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот.

-Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестСе запали возилото на кумановската итна помош, нема повредени
Следна вестОд ноќеска на полноќ: Дизелот поскапува, бензините поевтини