Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Локално, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен слаб дожд. УВ=7
Температурата изутрина изнесуваше од 9 до 18 степени, а преку ден ќе се движи од 19 до 33 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура беше 15 степени, додека дневната ќе се искачи до 31 степен.