Извршителите одбиваат да го спроведуваат законото во однос на застарените побарувања, порачаа граѓаните кои вчера попладне протестираат пред Министерството за правда против извршителите.
-Извршителите и нивните поддржувачи не го спроведуваат законот за застарување на долговите излезен во „Службен весник“, кој е во сила. Не само што не го спроведуваат законот туку бараат и да се стопира. Живееме во должничко ропство каде од 1000 денари, сметките стануваат 100.000 денари. Извршителите не го почитуваат и тврдат дека им е потребен образец од Министерството за правда за да можат да се поведат по закон, рече антивистка Ана Глигорова.
Нагласи дека се работи за нешто што е противуставно и ја поткопува самата држава, а кривични дела прават не само извршителите туку и нивните надредени.
-Бараме од министерот за правда да им даде образец, формулар според кој би постапувале и би го решиле проблемот, рече таа.
Здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР се надеваат дека на овој начин конечно ќе им застанат на пат на извршителите кои досега одбиваа да ги стопираат постапките, со што според нив практично не ги почитуваат промените во Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долговите.
Од Министерството за правда пак, каде што се одржа протестот, ги упатија да се обратат до Собранието.