Пациентите во Англија ќе бидат првите во светот кои ќе имаат пристап до инјекција за лекување на рак

Британската национална здравствена служба (NHS) ќе биде првата во светот која на стотици пациенти во Англија ќе им понуди „седумминутна инјекција“ за лекување на рак. По одобрението од Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), на Англија соопшти дека стотици пациенти кои ги исполнуваат условите, а се лекуваат со имунотерапија ќе ја добиваат инјекцијата секоја година, пренесува „Ројтерс“.

– Првото воведување на овој третман во светот ќе значи дека стотици пациенти ќе можат да поминуваат помалку време во болница и ќе ослободи драгоцено време во единиците за хемотерапија. Одржувањето на најдобриот можен квалитет на живот за пациентите со рак е од витално значење, така што воведувањето побрзи инјекции ќе направи значителна разлика, рече Питер Џонсон, директор за рак на (NHS) Англија.

Како што е наведено, времето на лекување на некои пациенти заболени од рак ќе се скрати и до три четвртини, пренесува „Танјуг“.

Многумина од нив сега ќе примаат имунотерапија со седумминутна инјекција, наместо по интравенски пат, што трае од 30 до 60 минути, наведува британската агенција.

Претходна вестНаучниците ги повикаа владите да ја зголемат законската возраст за пушење на 22 години
Следна вестНеверојатно достигнување на научниците, агресивни клетки на рак претворени во здрави мускули