Вчера, во 8.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу село Врбјани и село Сливово, патничко моторно возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, излетало од патот, извести МВР. Возилото било управувано од 48-годишниот Б. М. од село Долно Свиларе.
– По несреќата, возачот Б. М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, а сопатниците Х. М. (44) и еден малолетник, двајацта од с. Долно Свиларе, биле пренесени во болницата ‘Св. Еразмо’ во Охрид. Притоа на Б. М., Х. М. и на двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.