Мицкоски: Францускиот претседател им ја кажа вистината, Ковачевски се врати блед од Блед

Димитар Ковачевски се врати блед од Блед и сега се крие од јавноста затоа што нивната лага повторно пукна како меур од сапуница, изјави синоќа првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип.

-Францускиот претседател им ја кажа вистината. Европска унија им испрати абер. Сега се препелкаат, те овој сакал да каже вака, те оној сакал да каже онака. Сето тоа што го кажуваат не е точно. Јасно е. Без внатрешни реформи кои вие 7 години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле, нема да има ни афричка унија, а не пак европска. Народот бара ресет. Оваа Влада ги изгуби и легитимитетот и кредибилитетот, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ праша дали  е Европа кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која претходно била донатор на ДУИ и ги дала тие пари за му организира на истиот тој министер политички настан. Потоа додаде: (Османи) излезе да се жали како не знаел за тоа дека таа фирма била донатор. Па излезе да се прави наудрен и да се прави дека тоа што го гледа не го гледа, а повеќе од 20 години или е министер, или портапрол или потпретседател. И добро еве бидејќи до сега не знаел еве сега знае, научи, и прашањето е што сега ќе преземе, дали ќе го раскине договорот кој што претходно го потпишал, или да бидам по прецизен дали смее да го раскине истиот тој договор кој го потишал со таа фирма донатор.

Во однос на уставните измени, Мицкоски изјави дека тие се полоши од катастрофата во секоја друга област затоа што се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство.

-Народот и ВМРО-ДПМНЕ велат не. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари. Доживеавме да се редат понижување до понижување. И сега кога стојат на стаклени нозе единствено на кое се надеваат е да коленичат, да одат против својот народ, само и само да останат некој ден подолго на власт. Но секој украден залак од народот ќе им преседне. Тоа јас им го ветувам. Ќе има одговорност и тие тоа го знаат, затоа се смртно уплашени од избори. Но епското бегање од избори не може вечно да трае. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари, потенцира Мицкоски.

Претходна вестКовачевски: Макрон сакаше да каже дека тие што се побрзи со реформите први ќе влезат во ЕУ
Следна вестМиленковски по триумфот над Данска: Навистина возбудлив натпревар, но молам без еуфорија