Полициски службеници, вчера привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид. Тој заедно со друго лице нападнал тројца малелетници со нож.
Против малолетникот е поднесена кривична пријава по брза постапка до страна на Основното јавно обвинителство – Скопје, информираат од МВР.
Од Министерството известуваат дека лицето, на 28 месецов, во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди.