Мостот „Беласица“ од денеска отворен за сообраќај за лесни возила

Од денес, мостот на булеварот „Беласица“ ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила, соопшти денеска Градот Скопје.

Во информацијата се наведува дека лесните возила ќе може да се движат само во двете крајни коловозни ленти.

-Двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул. „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот.

-Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, соопшти Градот Скопје.

Претходна вестВо атарот на карбиноското село Горно Трогерци се предлага да биде јама каде ќе се уништат 9.000 свињи
Следна вестКостовски: Знаеме кој го изврши дивјаштвото во дворот на училиштето „Ацо Шопов“, барам казна