127 санкционирани возачи во Скопје, 12 возеле без дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), извести МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОткако Чешка ја победи Црна Гора македонските одбојкари влегоа помеѓу најдобрите 16 во Европа
Следна вестГуст црн чад од депонијата Дрисла ги вознемири граѓаните