Густ црн чад од депонијата Дрисла ги вознемири граѓаните

Густ црн чад од утрово се крева од градската депонија „Дрисла“ за кој се уште нема информации од што потекнува. Граѓаните од околните места се вознемирени бидејќи стравуваат дека дека чадот носи и канцерогени супстанци.

Во објавите на социјални мрежи граѓаните ги повикуваат надлежните институции да интервенираат за да се запре горењето коешто го предизвикува чадот.

–  Од утрово во 5.15 часот граѓаните се вознемирени и реагираат. Прашуваат што гори таму, дали гори печката, дали се запалила депонијата. Чадот може да е канцероген. Ги молиме институциите да интервенираат за да се спречи ова. Ова го загадува Батинци, Пинтија, Драчево, Лисиче, Аеродром… Или намерно ова го палат, дали покријат нелегалните работи на депонијата што не смее инспекцијата да го најде.  Страшна ареа се почуствува кај нас, луѓето се исплашени. Ако продолжи ова да чади ќе го повикаме народот да се повлече кон Китка за да се спаси ако е канцероген овој чад, напишаа граѓаните од Батинци во објавите на социјални мрежи.

 

Претходна вест127 санкционирани возачи во Скопје, 12 возеле без дозвола
Следна вестКазнети 23 скопјани за пребрзо возење