Четириесет и двегодишниот А. А. од гостиварското село Градец, вчеравечер, во 23 часот, во СВР Тетово пријавил дека од неговата штала биле одземени 48 овци, извести СВР Тетово.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.