Македонските џудисти се закитија со две бронзи на Балканското првенство во Пеќ. Бронза освои Македонската џудистка Катерина Ацевска во својата категорија +78 кг.
– Заврши Балканското првенство во џудо за сениори во Пеќ, Косово, од првиот натпреварувачки ден кога се одржуваа борбите во поединечна конкуренција, Катерина Ацевска успеа да освои медал. Македонската џудистка Ацевска во својата категорија +78 кг. се закити со бронзата.
Вториот натпреварувачки ден на програмата беа борбите во екипна микс тим конкуренција, каде нашите репрезантативци дојдоа до бронзата.
Македонија беше во состав: Андреј Симоноски -73 кг., Кристина Мантароска -70 кг., Андреј Чакаровски -90 кг. и Катерина Ацевска +70 кг, се вели во соопштението на Македонската џудо федерација.