Гостиварец нападнал жена со која бил во љубовна врска

51-годишен Гостиварец нападнал жена со која бил во љубовна врска. Од МВР велат дека се расчистува случајот.

Вчеравечер, околу 21 часот, во Полициската станица Гостивар се пријавил 51-годишниот гостиварец Б. А. Тој пред тоа бил пријавен од 36-годишна гостиварка, со која претходно биле во љубовна врска, дека во нејзиниот стан физички ја нападнал, велат од СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот и на Б. А. ќе му биде изготвен поднесок.

Претходна вестЏафери не планира да свика седница за уставни промени: Прекината седница ќе продолжи кога ќе се создадат услови
Следна вестСобранието ќе формира анкетна комисија за скандалот на „Онкологија“