Тетовчанец уценувал девојка дека ќе објави нејзини фотографии ако не му ги исполни барањата, па ја нападнал

Младо момче од Тетово уценувал девојка дека ќе објави нејзини фотографии ако не му ги исполни барањата, па ја нападнал. Против него е поднесена кривична пријава.

– Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ш.(23) од Тетово поради уцена. Во текот на февруари 2023 година, пријавениот преку социјалната мрежа Инстаграм уценувал девојка од тетовско село дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не ги исполни неговите барања, велат од МВР.

Исто така, на 27 мај физички ја нападнал девојката.

Претходна вестВлегол во маркет во Скопје со нож и го одзел дневниот промет
Следна вестСолидарноста не се заборава: Еве како изгледа средното училиште Македонија во Малатија