Претрес во велешко Бузалково, пронајдено оружје приведени две лица

При претрес кај две лица во велешкото село Бузалково било пронајдено оружје. Двете лица се приведени и задржани во полициска станица.

– На 05.09.2023 во 07.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(50) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.09.2023 во 07.10 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Ј.(23) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена рамка за автоматска пушка, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПо повод Денот на независноста, бесплатни културни настани и слободен влез во музеите, во галериите и на локалитетите
Следна вестДиректорот Ангеловски закажа па откажа прес-конференција: Кој од петок ќе раководи со ОТА?