Почина Ферид Мурад, нобеловец со потекло од Гостивар

На 87-годишна возраст, вчера почина светски познатиот лекар и научник д-р Ферид Мурад, роден во САД, а кој има потекло од гостиварско. Тој живееше и работеше во САД, а предавал на најеминентните универзитети во Америка и пошироко.

Во 1998 година заедно со уште двајца научници Роберт Фечгот и Луис Игнаро ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина „за откривањето на улогата на азотен оксид како сигнална молекула во регулирањето на кардиоваскуларниот систем“.

Доктор Ферид Мурад е роден 1936 година во американската држава Индијана како дете на иселеникот од гостиварска Лакавица, Џабир Мурад Ејупи и мајка Хенриета Џозефина Боумен, Американка.

Нобеловецот Мурад пред 5 години по трети пат го посети Гостивар откако пред две децении првпат дојде во родниот крај на неговиот татко и се запозна со поблиските роднини. Во негова чест општата болница во Гостивар е именувана „Д-р Ферид Мурад“.

Претходна вестЕвтината струја од 1 декември ќе имаат само оние граѓани кои ќе дозволат сетирање на нова тарифа
Следна вестЗнамето на „Голема Албанија“ го веел германски државјанин