Знамето на „Голема Албанија“ го веел германски државјанин

Знамето на „Голема Албанија“ го веел , А.М.(21), кој е германски државјанин. Против него е поднесена кривична пријава.

– Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично-правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ. По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин, информираат МВР.

Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

Претходна вестПочина Ферид Мурад, нобеловец со потекло од Гостивар
Следна вестЗагубите на струја во Арачиново сведени на 10 отсто, сега се најголеми во Скопје – 20 проценти