Загубите на струја во Арачиново сведени на 10 отсто, сега се најголеми во Скопје – 20 проценти

Во месеците јуни и јули во Арачиново е забележана загуба на струјата од само 10 проценти што е на ниво на технички загуби, а што значи дека проблемот со неплаќањето на струјата е надминат, изјави денеска Сашо Салтировски, директор на Електродистрибуција во ЕВН. Тој вели дека сега загубите во електроенергетскиот систем во Арачиново се едни од најниските и дека сите броила се извадени надвор од куќите и дворовите.

-Загубата на струјата во Арачиново сега е една од наниските на ниво на цела Македонија. Во Слупчане нашиот проектот веќе се привршува, а општина Липково ќе биде првата општина во Македонија целосно покриена со смарт-броила и со загуби под 10 проценти, информираше Салтировски при денешната посета на подружницата на ЕВН во Бутел.

Според него, струја повеќе се краде во руралните, а помалку во урбаните средини, додека етничкиот состав на населението не играло голема улога.

-Скопје со 20 проценти е регион со најголеми загуби на електрична енергија, а морам да кажам дека Тетово има помалку загуби отколку Битола. Не е тоа поврзано етнички. Секаде каде што нема колективни згради, каде што средините се порурални, како Лисиче и Драчево, загубите се поголеми, додаде тој.

Претходна вестЗнамето на „Голема Албанија“ го веел германски државјанин
Следна вестКонкурс за млади архитекти и урбанисти, „Скопје на новата генерација“