Решението за минимална пензија ќе почека, прво ќе се носат социјални мерки за пензионерите со ниски пензии

Прво ќе се работи на носење на соодветни социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа ќе се пристапи кон ново законско решение за минимална пензија или измени на постоечкото. За ова се согласиле на Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите која денеска ја одржа првата конститутивна седница, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Јованка Тренчевска, како што информираат од МТСП, на членовите на работната група им посакала плодна работа и носење на издржани предлог решенија кои ќе бидат презентирани во Владата, а понатаму дадени на усвојување од Собранието.

– Многу е важно при носењето на предлог мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени, да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно, истакна Тренчевска.

Министерката, се вели во соопштението, посочила и дека во фокусот на работата на работната група ќе бидат пензионерите со ниски пензии, особено оние со минимална пензија. Притоа, потенцираше дека ќе се користат анализи и информации подготвени од страните вклучени во работната група, за кои ќе се дискутира, како и дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани.

Од страна на претседателката на работната група било посочено дека, работната група ќе работи интезивно, со средби до два пати во неделата, со цел што поскоро носење на предлог мерки и законски решенија

Претходна вестЛевица: Со европско знаменце СДС И ДУИ ќе се амнестираат од кривична одговорност
Следна вестПродадени три недвижности на Мијалков, државата заработи 244 илјади евра