Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на улица „Славејко Арсов“

Градот Скопје ги заврши градежните работи за реконструкција на улица „Славејко Арсов“ во општина Центар, соопштија денеска градските власти.

Во информацијата се наведува дека со тоа се исполнува уште едно ветување за реализација на проект од програмата „За модерно Скопје“. Реконструкцијата на оваа улица која беше во катастрофална состојба е повеќедецениско барање од страна на граѓаните.

-Целосната реконструкција на коловозот на улицата „Славејко Арсов“ и нејзините краци беше изведена на барање на жителите со цел зголемување на безбедноста и сигурноста во сообраќајот во овој дел од градот. Градежните работи на површина од 4.700 метри квадратни и должина од 1.000 метри, ги изведе јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”, соопшти Градот Скопје.

Претходна вестАнтикорупционерите со иницијатива за кривично гонење на Рамиз Мерко за отуѓување на земјиште во центарот на Струга
Следна вестВработените во печатницата која треба да ги печати учебниците два месеци немаат земено плата